ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ПОБЕДИ НА СПА,ХАМИЛТОН ОСТАНА ЛИДЕР НА Ф1 ШАМПИОНАТОТ

28 August, 2016 - 16:16

Нико Розберг  ја прекина победничката серија на клупскиот колега од Мерцедес во Формула 1 Шампионатот.Германскиот пилот  доминираше на 13 натпревар од сезоната кој се возеше на патеката Спа во Белгија.Розберг максимално го искористи стартот од пол позиција и немаше проблем  да ја задржи 1.позиција  низ 44 кругови победувајки пред Даниел Рикардо од Ред Бул и пред клупскиот  колега Луис Хамилтон кој стартуваше од последниот ред но успеа да стигне до подиумот.Стартот на трката беше одбележан со  колизијата на Фетел,Раиконен и Ферстапен во првиот свијок кој ги  оддалечи возачите на Ферари  од висок пласман,подоцна во 6-тиот круг  и со излетувањето на Кевин Магнусен со болидот на Рено,инцидент од кој данецот излезе неповреден  но  предзизвика 17 минутен прекин.Во бодови од 4 до 10 место влегоа  Хулкенберг,Перез,Фетел,Алонсо,Ботас,Раиконен и Маса.Во поредокот на возачите со шестата победа сезонава,20-та во кариерата, Розберг  се доближи на 9 бодови до лидерот Хамилтон.Следната  14-та трка од Формула 1  Првенството, ќе се вози на  4 септември во Монца.

Веста е прочитана 281 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.