ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ПОБЕДНИК НА РУСКОТО ГП

1 May, 2016 - 17:52

Нико Розберг  влезе во серија од четири победи од стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот.

 

Германскиот пилот во болидот на Мерцедес триумфираше во голем стил на руското Гран При што  се возеше денеска на патеката во Сочи.Розберг забележа хет трик, со старт од пол позиција,имаше најбрз круг на трката во која доминираше низ 53 круга.Нико Розберг воедно ја прекина успешната серија на Луис Хамилтон на руското Гран При.Британецот што ја брани титулата, победуваше со својот Мерцедес во  Сочи изминативе две сезони а денеска заврши на 2.место на кое се проби откако тргна од 10  позиција .Подиумот го комплетираше  финецот Кими Раиконен  од екипата на Ферари.Себастијан Фетел ја заврши трката уште во првиот круг,откако во неговото Ферари удри домашниот возач Данил Квјат со болидот на Ред Бул.Бодови од 4.до 10 место освоија уште Ботас,Маса,Алонсо,Магнусен,Грожан,Перез и Батон.Во поредок кај возачите,Розберг има максимално 100 бода после 4.трки.Втор е Хамилтон со 57.Следната станица од Ф1 карванот е Шпанија .Трката ќе се вози на 15 мај во Каталуња.

Веста е прочитана 282 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.