ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ПОБРЗ ОД ХАМИЛТОН

9 May, 2015 - 22:30

Тимот на Мерцедес и во денешните квалификации ја потврди својата доминација во Ф1 првенството. Во квалификациите возени на патеката „Каталуња’’ крај Барселона, најдобар резултат оствари Нико Розберг, кој до својата 16 полпозиција во кариерата, прва сезонава, стигна пред клупскиот колега Британецот, Луис Хамилтон.

Од вториот ред утрешната трка ќе ја започнат Себастијан Фетел на Ферари кој ќе го има третото стартно место и Финецот, Валтери Ботас на Вилијамс на четвртата позиција. 

Во генералниот поредок по четири трки лидер е актуелниот шампион Луис Хамилтон, со 93 освоени бодови, пред тимскиот  колега Нико Розберг кој има 55, Себастијан Фетел е трет со 51. одечката петорка ја комплетираат Кими Раиконен со 42 и Филипе Маса со 31.

Веста е прочитана 181 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.