ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ СО ПОБЕДА ВО АБУ ДАБИ ЈА ЗАТВОРИ Ф1 СЕЗОНАТА

29 November, 2015 - 18:14

Нико Розберг по шести пат се искачи на највисокото  место од пиедесталот во Ф 1 шампионатот ,откако и денеска во Абу Даби триумфираше во болидот на Мерцедес,пред клупскиот  колега Луис Хамилтон и  пилотите на Ферари ,Раиконен  и Фетел.

Германецот има задоцнет финиш во првенството. Розберг влезе во серија од три победи,откако ги загуби и теоретските шанси во битка за насловот со Хамилтон.На патеката Јас Марина ,денеска Розберг ги имаше сите услови за триимф .Старт од пол позиција  , тимскта тактика што му овозможи  доволна предност  без проблеми се  задржа  на 1.позиција  до крајот на трката.Трикратниот светски првак ,Хамилтон заврши на 2,место.Раиконен и покрај сите проблеми се избори за место на подиумот,а неговииот клупски колега од Ферери,Себастијан Фетел. имаше имресивен  настап со финиш на 4.место по старт од 15 позиција.После завршната, 20-та трка од сезоната,Хамилтон има 381 бод,59 повеќе од Розберг.Фетел на 3.место собра 278.Кај конструкторите победник е Мерцедес,пред Ферари и Вилијамс.Следната сезона стартува на 20 .март во Австралија.

Веста е прочитана 248 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.