ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ УБЕДЛИВО ПОБРЗ ОД ХАМИЛТОН

10 May, 2015 - 17:17

Конечно во петата трка од формула 1 шампионатот за Големата награда на Шпанија, Нико Розберг успеа да го победи тимскиот колега, Британецот Луис Хамилтон со кого третпат сезонава оствари еден два победа за Мерцедес откако во претходните два пати актулниот првак беше на врвот од победничкиот подиум. Него го пополни во Барселона, Германецот Себастијан Фетел на Ферари. 

Резултати на освојувачи на бодови од ГН Шпанија: 

1. Нико Розберг (Германија, Мерцедес) 1:41:12.555 

2. Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) +00:17.551 

3. Себастиан Фетел (Германија, Ферари) +00:45.342 

4. Валтери Ботас (Финска, Вилијамс) +00:59.217 

5. Кими Раиконен (Финска, Ферари) +01:00.002 

6. Фелипе Маса (Бразил, Вилијамс) +01:21.314 

7. Данијел Рикиардо (Австралија, Ред Бул) + еден круг 

8. Роман Грожан (Франција, Лотус) + еден круг 

9. Карлос Сајнц (Шпанија, Торо Росо) + еден круг 

10. Данил Квјат (Русија, Ред Бул) + еден круг 

 

Генерален пласман - возачи: 

1. Хамилтон 111 бодови 

2. Розберг 91 

3. Фетел 80 

4. Раиконен 52 

5. Ботас 42 

 

Генерален пласман - конструктори: 

1. Мерцедес 202 бода 

2. Ферари 132 

3. Вилијамс 81 

4. Ред Бул 30 

5. Заубер 19

Веста е прочитана 191 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.