ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД НАЈБРЗ НА „ИНТЕРЛАГОС“

15 November, 2015 - 21:35

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше најбрз на претпоследната 18 трка во формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Бразил. Германецот на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло го повтори успехот од лани за петтата победа сезонава или вкупно 13 во неговата кариера.

Германецот зад себе ги остави тимскиот колега Бриатенецот Луис Хамилтон, кој ја обезбеди титулата, и Германецот Себастијан Фетел на Ферари. 

 

Розберг го обезбеди второто место кај возачите бидејќи има 31 бод предност во однос на третлпласираниот Фетел пред последната трка во шампионатот за Големата награда на Абу Даби закажана на 29 ноември.

РЕЗУЛТАТИ - ГН НА БРАЗИЛ

1. Нико Розберг Мерцедес 1:31:09,090
2. Луис Хамилтон Мерцедес +7,756
3. Себастијан Фетел Ферари +14,244
4. Кими Раиконен Ферари +47,543
5. Валтери Ботас Вилијамс +еден круг
6. Нико Хулкенберг Форс Индија +еден круг
7. Данил Квјат Ред Бул +еден круг
8. Фелипе Маса Вилијамс +еден круг
9. Ромен Гросжан Лотус +еден круг
10. Макс Ферстапен Торо Росо +еден круг

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ВОЗАЧИ

1. Луис Хамилтон Мерцедес 363 бода
2. Нико Розберг Мерцедес 297
3. Себастијан Фетел Ферари 266
4. Валтери Ботас Вилијамс 136
5. Кими Раиконен Ферари 135

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - КОНСТРУКТОРИ

1. Мерцедес 660 бода
2. Ферари 401
3. Вилијамс 257
4. Ред Бул 178
5. Форс Индија 120

Веста е прочитана 286 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.