Ф1

РОЗБЕРГ ЗА ИСТОРИЈА, СТАНА ПРВ ПОБЕДНИК ВО БАКУ

19 June, 2016 - 18:22
Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на денешната трка за Големата награда на Европа што се возеше за првпат во историјата низ улизите на Баку. Германецот ја забележа 19 победа во кариерата, а петта сезонава со што се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман. Второто место му припадна на возачот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, а трет беше Мексиканецот Серхио Перез на Форс Индија.

Во генералниот пласман води Розберг со 141 бодови, пред Хамилтон со 117 и Фетел со 96. Кај конструкторите на првото место е Мерцедес со 258 бодови, пред Ферари со 177. Следната трка се вози на 3.јули за Големата награда на Австрија. ГН Европа:

1. Нико Розберг (Мерцедес) 1:32:52.366

2. Себастијан Фетел (Ферари) +16.696

3. Серхио Перес (Форс Индија) +25.241

4. Кими Раиконен (Ферари) +33.102

5. Луис Хамилтон (Мерцедес) +56.335

6. Валтери Ботас (Вилијамс) +60.886

7. Данијел Рикардо (Ред Бул) +69.229

8. Макс Ферšтапен (Ред Бул) +70.696

9. Нико Хулкенберг (Форс Индија) +77.708

10. Фелипе Маса (Вилијамс) +85.375

Веста е прочитана 278 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.