ФОРМУЛА 1

РУТИНСКИ ТРИУМФ НА ХАМИЛТОН ВО ШАНГАЈ

12 April, 2015 - 13:16

Бранителот на титулата во Шангај се избори за втората победа сезонава во формула 1 шампионатот, а 35 во кариерата откако возеше за нешто повеќе од половина секунда побрзо од тимскиот колега Германецот Нико Розберг, заокружувајќи ја двајцата еден два победата за „Мерцедес“. На третото место од победничкиот подиум се искачи уште еден Германец но во болидот на „Ферари“, Себастијан Фетел.

Хамилтон во Шангај го запиша 20 триумф по стартот од пол-позицијата и така им се приклучи во кругот на возачи со ваков учинок на Михаел Шумахер (40 победи од пол-позиција), Аиритон Сена (29) и Фетел (27). 

Резултати ГН Кина:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 1:39:42.008

2. Нико Розберг (Германија) Мерцедес + 0.714

3. Себастијан Фетел (Германија) Ферари + 2.988

4. Кими Раиконен (Финска) Ферари + 3.835

5. Фелипе Маса (Бразил) Вилијамс + 8.544

6. Валтери Ботас (Финска) Вилијамс + 9.885

7. Роман Грожан (Франција) Лотус + 19.008

8. Фелипе Наср (Бразил) Заубер + 22.625

9. Данијел Рикиардо (Австралија) Ред Бул + 32.117

10. Маркус Ериксон (Шведска) Заубер + еден круг

11. Серхио Перес (Мексико) Форс Индија + еден круг

12. Фернандо Алонсо (Шпанија) Мекларен + еден круг

13. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен + еден круг

14. Карлос Саинс јуниор (Шпанија) Торо Росо + еден круг

15. Вил Стивенс (Велика Британија) Менор + два круга

16. Роберто Мерхи (Шпанија) Менор + два круга

се откажаа:

Макс Ферстапен (Холандија) Торо Росо

Пастор Малдонадо (Венецуела) Лотус

Данил Квјат (Русија) Ред Бул

Нико Хилкенберг (Германија) Форс Индија 

 

Генерален пласман возачи:

1. Луис Хамилтон 68

2. Себастијан Фетел 55

3. Нико Розберг 30

4. Фелипе Маса 30

5. Кими Раиконен 24

6. Валтери Ботас 18 

 

Генерален пласман конструктори:

1. Мерцедес 119

2. Ферари 79

3. Вилијамс 48

4. Заубер 19

5. Ред Бул 13

6. Торо Росо 12

Веста е прочитана 227 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.