ФОРМУЛА 1

СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СИНГАПУР

19 September, 2015 - 16:56
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел постигна најдобро време на квалификациите за Големата награда на Сингапур и на утрешната трка ќе стартува од пол позицијата. Фетел направи изненадување со првото место во квалификациите, бидејќи последен пат Ферари имаше пол позиција на трката во Хокенхајм во 2012 година. За Фетел ова е 46-та пол позиција во кариерата. Второто место му припадна на Даниел Рикирадо од Ред Бул, а трет беше Кими Раиконен од Ферари. На четвртото место во квалификациите се пласира Данил Квјат од Ред Бул. Возачите на Мерцедес кои се лидери во генералниот пласман Луис Хамилтон и Нико Розберг се пласираа на петтото и шестото место.
Веста е прочитана 219 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.