ФУДБАЛ

СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ ПОВИКА 22 ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕЧЕВИТЕ СО СРБИЈА И ГИБРАЛТАР

27 September, 2017 - 16:48

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги продолжува квалификациите за ЕП 2019 во Италија  со натпревари против Србија и Гибралтар.Селекторот Благоја Милевски  не го менува составот кој тргна победички во новиот циклус  со триумфот кај Ерменија  од 3-0.Новина е  Душан  Ѓорѓев кој доаѓа од Оклахома , САД и ја зголемува конкуренцијата на голманската позиција.

 Играме натпревар против една од најквалитетните репрезентации во групата, според мене фаворит за пласман на ЕП 2019, противник кој има интернационалци од најсилните лиги, мора да влеземе максимално подготвени и сконцентрирани на овој меч. Системот на игра на Србија во однос на Европското првенство не е сменет. Има неколку играчи од тој состав кои сеуште се дел од тимот. Тука се Јовановиќ, Грујиќ и Гајиќ, но ќе видиме со каков состав ќе настапат против нас. Македонија покажа квалитет во изминатиот период, се надевам така ќе биде и против Србија, а потоа и против Гибралтар. Ѓорѓев и Елмас ќе ни бидат на располагање на првиот дуел, а потоа, ќе ги ослободиме поради обврски во А репрезентацијатаПрвпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД и настапува за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекува-изјави селекторот  Благоја Милевски. 

Македонија против Србија ќе  игра на 6. октомври на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.Четири дена подоцна ,во Фару ,младинците  ќе му гостуваат на  аутсајдерот во групата, Гибралтар.Во групата 7  настапуват уште Русија и Австрија.

 

Веста е прочитана 301 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.