КОШАРКА

СЕНИОРИТЕ СО ПРВА РАДОСТ, ОСТАНУВААТ ВО ИГРА ЗА МУНДИЈАЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

13 August, 2017 - 19:09

Кошаркарската репрезентација на Македонија ja оствари првата победа во претквалификациите за Светското прветсвентво 2019 година.  Пред своите гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада Косово со 87:74, во четвртото коло од грпата Ц. 

Во првиот дел, повторно црвено-жолтите не беа на посакуваното ниво, па затоа противникот по 20.минути игра имаше еден поен предност 40:41. Затоа пак во второто полувреме, македонските репрезентативци го покачија нивото на агресивност во одбраната, а и реализацијата во нападот пред се во ударите за три поени, па третата четвртина ја добија со десет разлика, а во четвтата придодадоа уште четири за на крајот да се радфуваат со конечни 87:74.

„Психички тежок меч. Среќни сме поради победата и сега одиме понатаму, на мечот во Естонија. На играчите им кажав дека ова беше средба само за нас, ние сме тие што го потрошивме цело лето и ова е награда за сиот вложен труд.Најмалку шест пати го гледав дуелот со Естонија во Скопје, кој ако победивме оценките ќе беа дури и дека сме играле добро. Ќе се обидеме и таму да ги сопреме нивните шутери. Факт е дека досега не сме имале натпревар со шут од 40-отсто за тројка и со десетина и повеќе поголеми удари од оваа позиција. На Господ не сме фрлале со камења, па се надевам на негова помош во Талин“, изјави Давитков. 

Четворица наши репрезентативци средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу постигна Џордан Теодор 24, Александар Костоски реализира 16, капитенот Војдан Стојановски 14, а Љубомир Младеновски 12. 

За избраниците на селекторот Давитков работата се уште не е завршена. Доколку сакаат да минат во следната рунда тие ќе мора да забележат победа и на гостувањето кај Естонија веќе во среда (16 август). Во спротивни ќе мора да го чекаме исходот од последниот меч во кој Косово на домашен терен ќе игра против Естонија, а гостите да оствартат победа. 

Веста е прочитана 888 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.