ФУДБАЛ

СЕНИОРИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ БЕЛОРУСИЈА, ЧУРЛИНОВ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА

28 March, 2017 - 20:31

Македонската А фудбалска репрезентација по четири години пауза врза две победи по ред откако славеше против Белорусија со 3:0 во пријателскиот напревар што се одигра на „Филип Втори“ арената во Скопје.

Нашиот национален тим го потврди квалификацискиот успех во Вадуц над Луксембург со одлична игра која можеше да биде крунисана и со поубедлив триумф. Стефан Спировски го отвори резултатот со неговиот деби погодок за сениорската репрезентација на пет минути пред одморот. Горан Пандев го удвои водството во 61 минута, а осум минути подоцна капитенот го завери убедливиот триумф за конечни 3:0 со вториот погодок на средбата вкупно 29 за него во репрезентацијата.

Покрај победата овој меч го одбележа и настапот на Дарко Чурлинов, кој со 16 години и осум месеци стана најмладиот во историјата што заиграл во националниот тим. Веднаш по неговото влегување во 82 минута младиот фудбалер на Келн можеше да се запише во листата на стрелците, но биеше непрецизно покрај гостинскиот гол.

За две месеца Македонија продолжува со квалификациските настапи за Светското првенство во Русија. На 11 јуни на „Филип Втори“ арената ќе гостува фаворитот Шпанија.

Веста е прочитана 1777 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.