ТЕНИС

СЕНЗАЦИЈА НА ВИМБЛДОН, КВЕРИ ГО ЗАПРЕ ЃОКОВИЌ

2 July, 2016 - 21:05

Сем Квери приреди сензација на Вимблдон, третиот грен слем тениски турнир сезонава откако го елиминира од третото коло бранителот на титулата и светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ со триумф од 3:1.

Американецот уште вчера го најави овој подвиг кога поведе со 2:0, добивајќи ги сетовите со 7:6 и 6:1, благодарение на одличниот сервис. Дождот ја одложи неговата промоција во осминафиналето бидејќи мечот беше одложен и довршен денеска. Ѓоковиќ по два прекина успеа да го добие третиот сет со 6:3 и да намали на 2:1. Сепак, до пресврт не дојде кога дождот се вмеша и четвртти пат, пред Квери да ја комплетира најголемата победа во кариерата. Во четвртиот сет беше подобар во тај брејк на поени со 7:5 за кочни 3:1.

Ѓоковиќ беше поразен првпат по 30 победи по ред на грен слем турнирите и пропушти шанса за календарски Слем. Интересно ова е негова прва елиминација пред четвртфинале од големите турнири по Ролан Гарос во 2009 година.

Веста е прочитана 329 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.