ТЕНИС

СЕРЕНА ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН И СЕ ИЗЕДНАЧИ СО ШТЕФИ ГРАФ

9 July, 2016 - 18:41

Американската тенисерка  Серена Вилијамс ја одбрани титулата на Вимблдон и се изедначи со Штефи Граф по бројот на освоени Грен Слем трофеи.

 

 

Серена Вилијамс испиша нова страна во историјата на женскиот тенис.Американката победи во финалето на Вимблдон со 2-0 (7-5,6-3) во сетови  против Анџелик Кербер.Одбранетата титула во Лондон е  седми наслов од терените на Ол Ингланд клубот за помладата од сестрите Вилијамс .Водечката светска тенисерка го освои  вкупно  22 Грен Слем трофеј  со што се изедначи на вечната листа од  Опен ерата со германката Штефи Граф.

Сезонава,водечката на ВТА листата не успеа да триумфира на  Грен Слем финалните мечеви  во Мелбурн и во Париз, но се перформансот во денешниот дуел за титула и се одмазди  на Кербер за  поразот на Австралија Опен.Американката успеа да го освои првиот сет со 7-5, со брејк во 12 гејм.Анџелик Кербер играше на високо ниво,се избори за првиот брејк поен на средината од вториот сет,но ја пропушти шансата.Серена продолжи со извонредниот сервис.Таа нанижа  вкупно 13 асови  и со 88 насто реализзција на првиот удар стигна до 6-3 во вторито сет и до Грен Слем титуле после точно една година.  

Веста е прочитана 317 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.