РОЛАН ГАРОС

ШАМПИОНКАТА ОД МЕЛБУРН ВО АУТ, ДРАМАТА ВО ДВА ДЕНА ЗА МАРЕЈ

24 May, 2016 - 18:18

Третиот рекет во светот Анжелик Кербер доживеа елиминација на стартот од вториот грен слем тениски турнир сезонава Отвореното првенство на Франција. Победничката од Австрлија опен загуби во првото коло од Холанѓанката Кики Бертенс со 2 1 (6:2, 3:6, 6:3). Холанѓанката која е 58 ма во светот одигра одличен меч и ја забележа својата најголемата победа во кариерата против третата носителка во Париз.

Вториот носител на Ролан Гарос Енди Мареј во маратонски пет сета и три часа и 40 минути игра во два дена успеа да се пласира во второто коло откако со 3:2 во сетови го победи Радек Степанек. Шкотскиот тенисер во мечот кој почна вчера беше во негатива од два сета и губеше со 2:0 (3:6, 3:6), но сепак, денеска во продолжението успеа да се врати и да за прерсврт да ги добие трите сета со 6:0, 6:3 и 7:5. Мечот вчера беше прекинат поради темница. За разлика од Мареј, преостанатите фаворити имаа полесен тренинг за пласман во второто коло. Првиот меч на Ролан Гарос го одигра и најдобриот тенисер на светската ранг-листа, Новак Ѓоковиќ. Србинот без загубен сет го мина Јен Ксун Лу со 6:4 и на двапати со по 6:1. Во три сета место во второто коло обезбедија четвртиот носител и деветкратниот победник на Ролан Гарос, Шпанецот, Рафаел Надал против Австралиецот Сем Грот и седмиот фаворит Чехот Томаш Бердих против Канаѓанецот Вашек Поспишил.
Веста е прочитана 320 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.