ФОРМУЛА 1

ШАМПИОНОТ ЛУИС ХАМИЛТОН СО ПОБЕДА ЈА ЗАПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА

15 March, 2015 - 11:32
Шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон на доминантен начин стигна до победата на трката за Големата награда на Австралија со која утрово беше отворена новата сезона. Хамилтон победи со време 1:31.54, клупскиот колега на Британецот, Нико Розберг заврши на втората позиција, додека трет беше Себастија Фетел од Ферари. За возачот на Мерцедес ова беше 34 победа во кариерата. Поради технички проблеми и дефекти во многу тимови, на стартот на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн се појавија само 15 болиди од кои 11 ја поминаа целта, а единствен без освоен бод беше последно пласираниот Џенсон Батон од Мекларен.
Пласман од четвртото до десеттото место и освоени бодови: Фелипе Маса, Фелипе Насар, Даниеле Рикиардо, Ник Хулкенберг, Маркус Ериксон, Карлос Саинс, Серхио Перез.
Веста е прочитана 183 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.