ТЕНИС

ШАРАПОВА НАЈАВИ ЖАЛБА ЗА ДВЕГОДИШНАТА СУСПЕНЗИЈА ОД ИТФ

8 June, 2016 - 21:39

Марија Шарапова најави жалба на одлуката за двегодишна забрана играње тенис што и ја   изрече  Меѓународната тениска федерација.

 

Поранешната  водечка светска тенисерка и освојувачка на  пет Грен слема, Марија Шарапова доби двегодишна суспензија  што и ја изрече Меѓународната тениска федерација поради користење на недозволени средства . Шарапова  падна на допинг-тест поради консумирање на мелдониум во текот на Австралијан опен, сусптанца што е на листата забранети од Светската анти допинг агенција од 1.јануари годинава.

29 годишната русинка остро реагираше на казната и најави жалба на одлуката до Судот за спортска арбитража во Лозана.Иако ИТФ побарал максимална казна од четири години,судот заклучил  дека тоа не е  направено со  намера ,но сепак неприфатлива и неправедне е  грубата  суспензија од две години-изјави русинката.Забраната за играње тенис   стапи на сила од месецот кога Шарапова  беше суспендирана, односно јануари, 2016 година а ќе трае до јануари, 2018 година.

Веста е прочитана 318 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.