КОШАРКА

ШАРЛОН КЛОФ НОВ ИГРАЧ НА МЗТ

23 July, 2016 - 15:51

МЗТ Скопје работи со полна пареа за наредната сезона.Македонскиот шампион кој вчера го промовираше новиот тренер Емил Рајковиќ    и го потврди учеството на два фронта во Евро купот и Аба лигата,денеска официјално го  договори првото странско засилување во новиот ростер.Холанѓанецот  со суринамски пасош,Шарлон Клоф  потпиша едногодишен договор со МЗТ.26 годишниот кошаркар висок 190 сантиметри игра на бековската позиција. Минатата сезона Клоф настапуваше во Италија ,во редовите  на Торино, каде на 15 меча во првенството имаше просек од 3,7 поени. На  ЕП во Хрватска,холанѓанецот заврши со  просек од 16,2 поени, 4,6 скока и 3,2 асистенции, а на пресметката со Македонија, која заврши со триумф на жолто-црвените, реализираше  девет поени со пет скокови.

Веста е прочитана 348 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.