ФУДБАЛ

ШКЕНДИЈА И ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ КУП

19 April, 2017 - 19:00

Шкендија и Пелистер обезбедија пласман во финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. 

Тетовчани ќе имаат можност да го бранат трофејот освоен минатата година, откако во полуфиналето го елиминираа Вардар. Иако на денешниот реванш дуел Вардар со голот на Дарко Велковски (60 минута) победи со 1:0, сепак, тоа не беше доволно да се анулира негативата од првата средба во Скопје каде тетовци победија со 3:1. 

Инаку овој меч го одбележа и подолгиот прекин во првото полувреме, откако судијата Ставрев оправдано им покажа црвени картони на капитените на двете екипи Грнчаров и Хасани, по што дојде до поголема мешаница на теренот, но и обид на дел од навивачите на домаќините да влезат на теренот, по што гостите од Скопје се повлекоа во соблекувалните.  

Пелистер забележаа победа со 1:0 против Брегалница на реваншот од полуфиналето под „Тумбе кафе“ во Битола. Откако првата средба одиграна во Штип заврши нерешено 2:2, благодарение на погодокот на Бразилецот, Лукас Фереира Кардосо во 80 минута Пелистер со вкупен резултат 3:2 се пласира во финалето. 

За битолчани ова е прв финален меч вкупно четвртти, по пауза од 16 години, откако во 2001 година во финалето ја совладаа Слога Југомагнат со 2:1. 

Финалниот натпревар на Купот на Македонија, Пелистер и Шкендија ќе го играат на 17 мај. 

Веста е прочитана 467 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.