РАКОМЕТ

ШТЕРБИК ВО ТИМОТ НА КОЛОТО, ДИБИРОВ ГО ПОСТИГНА НАЈУБАВИОТ ГОЛ

24 April, 2017 - 18:59

По одличниот настап во саботниот триумф над Фленсбург, голманот на Вардар Арпад Штербик обезбеди место во идеалниот тим на првата рунда од четврфиналето во ракометната Лига на шампиони.  на изборот на медиа тимот на ЕХФ.

Во изборот на медиа тимот на ЕХФ, Штербик ја имаше и четвртата најдобра одбрана од топ 5, додека со новата мајсторија Тимур Дибиров го имаше најубавиот гол од петте избрани во четвртфиналето.

Во тимот на колото влегуваат:

Лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Среден бек – Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек – Марко Вуин (Кил)
Десно крило – Никлас Екберг (Кил)
Пикер - Лудовик Фабрегас (Монпелје),
Голман – Арпад Штербик (Вардар)

Веста е прочитана 683 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.