КОШАРКА

СЛАВЕНИЧКИ ПОРАЗ НА РАБОТНИЧКИ ОД ФЕНЕРБАХЧЕ НА 70 РОДЕНДЕН

30 September, 2016 - 22:16

Работнички прослави 70 години од формирањето, а кошаркарскиот спектакл во СЦ „Борис Трајковски“ со своето присуство го збогати ланскиот финалист во Евролигата и еден од најдобрите европски клубови Фенербахче. Победник на овој натпревар очекувано беше гостинот со 92:60, во чии редови настапи и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Покрај Антиќ тренерот на Фенребахче, Жељко Обрадовиќ на располагање ги имаше и другите ѕвезди на тимот како Богдановиќ, Датоме, Диксон,... Повеќе од 7.000 гледачи имаа ретка можност да проследат настап на голем број познати кошаркарски имиња, а овој натпревар воедно беше и последниот во клупски дрес за Тодор Гечевски. Тој во игра влезе во последните минути од првиот период и по постигнатиот кош со аплауз беше испратен на клупата од публиката. Најпрецизен на дуелот беше Виктор Ефремовски од Работнички со 15 поени, Мишановиќ постигна 14 а Илиевски 13 поени. Кај гостинот најмногу се истакна Џиџи Датоме со 14 поени, а втор стрелец е нашиот Перо Антиќ со 13 поени.
Веста е прочитана 388 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.