ОДБОЈКА

СЛОВЕНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГРЦИЈА, МАКЕДОНИЈА ОДИ НА Ф4

9 August, 2015 - 22:21

Македонската одбојкарска репрезентација втора година по ред ќе биде дел од завршниот турнир во Европската лига. Словенија двапати ја совлада Грција и му направи услуга на нашиот национален тим, кој по двете победи од гостувањето во Полска заврши на втората позиција во А групата и има подобар скор за еден бод од јужниот сосед кој беше вторпласиран во Б групата.

Македонија повторно ќе се врати во Полска со шанса да го подобри пласманот од лани кога го освои третото место на завршниот турнир. Во Валбржич на 13 и 14 август првопласираните репрезентации од двете групи, Естонија и Словенија, Македонија како и домаќинот Полска ќе се борат за титулата во овогодишното издание од Европската лига.

Веста е прочитана 277 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.