КОШАРКА

СОБИР НА СЕНИОРИТЕ,РАЦА :ЌЕ ИГРААТ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ГО НОСАТ НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС

18 July, 2016 - 18:53

Македонскиот сениорски кошаркарски тим  од денеска и официјално  ги почна подготовките за пласман на ЕП што ќе  се одржи наредната година.Селекторот Драган Раца  се судира со проблеми околу финализирањето на ростерот.Пред првиот тренинг,стратегот информираше околу преписката  со менацерот на  Перо Антич и со  Предраг Самарџиски кои  нема да се појават во овој состав,додека  Марко Симоновски има   повреда на грбот.

  Од првиот момент кога дојдов овде реков дека нема да молиме никого, останувам на тоа. Јас ги исконтактирав сите кошаркари и добија покани да се приклучат,Во зависност од тоа на која позиција ќе бидеме надефицитарни, ќе донесеме одлука за странско засилување во репрезентацијата. Постои опција за плејмејкер, не го исклучувам ниту Мекејлеб.Се ќе се знае наскоро“-изјави селекторот Драган Раца.Покрај Антич и Самарџиски,на првиот собир не се јавија уште Чековски и Мираковски.

12 играчи беа на првиот состанок со стручниот штаб. Војдан и Дамјан Стојановски, Костоски, Трајковски,Јаневски, Младеновски, Мекиќ,Крстевски,  Дујковиќ, Николовски и Ѓуроски.Во Скопје во СЦ. Јане Сандански кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден. Првите тест натпревари се предвидени   од 5 до 7 август против националниот состав на Бугарија на гостински терен. Потоа избраниците  на Раца продолжуваат со тренинзите во Скопје и од  17до 19 август ќе бидат домаќини на Трофејот Македонија кој ќе се игра во Скопје. 

Последните контролни средби, македонските кошаркари ќе ги имаат во Љубљана од 22 до 25 август против најдобрата репрезентација на СловенијаМакедонија во квалификациската  група Г ќе игра со Унгарија,Велика Британија и Луксембург.Пласман на ЕУРО 2017 што ќе  се игра во четири  држави, Романија,Финска ,Израел и Турција ,обезбедуваат победниците од секоја група како и и 4-ри најдобро второпласирани селекциии .Квалификациите ќе се играат од 31 август до 17 септември.Македонија стартува со Луксембург

Веста е прочитана 254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.