РАКОМЕТ

СП: ФРАНЦИЈА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА,КИРЕ ЛАЗАРОВ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ

29 January, 2017 - 21:49

Французите го одбранија светскиот ракометен трон.Во финалето на 25 мундијал,Триколорите ја потврдија доминацијта во репрезентивниот ракомет победувајки ја селекцијата на Норвешка со 33-26.

 

На пат кон шестата титула од СП-ва,домаќинот ја оправда улогата на фаворит.Норвежаните во нивното деби финале,имаа сили за едно полувреме во париската сала Берси.На полувремето,домаќините имаа минимална предност од 18-17 ,но го покажаа сиот потенцијал во вторите 30.минути каде Норвешка немаше против игра.Карабатиќ беше најефикен на финалето со 6 голови што беше и пресудно за ИХФ  да му го додели признанието за најдобар играч на шампионатот.Во Ол стар тимот  влегоа и голманот  како и десниот  бек на Франција, Винсен Жерар  и Недим Ремили,норвежанитеКристијан Бјорсен, Сандер Сагосен и Бјарте Мирхол,хрватот Домагој Дувњак и Џери Толберинг од Шведска. Најдобар стрелец на Светското првенство е македонскиот репрезентативец Кире Лазаров со 50 погодоци.Македонија  ја мина групната фаза и после поразот од Норвешка во осминафиналето заврши на 15 место.

Веста е прочитана 1108 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.