СКИЈАЊЕ

СП ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ:ШТУХЕЦ И ФОЈЦ ПОБЕДНИЦИ ВО СПУСТ

12 February, 2017 - 15:09

Илка Штухец од Словенија го освои златниот медал во најбрзата дисциплина на СП во алпско скојање што се одржува во Сент Мориц.Штухец  на швајцарската патека постигна  резултат 1.32.85 што беше за 40 стотинки подобар  од остварувањето на австријката Стефани Вениер.Бронзениот медал  заврши кај  Линдзи Вон.Американката имаше за  пет стотинки послабо време од Вениер.

На машкиот спуст,со титулата Светски првак се закити домашниот скијач Беат Фојц.Швајцарецот кој  пред две години во Бивер Крик освои бронза во спуст, ја мина трасата за 1.38,91 и за 12 стотинки го победи освојувачот на златен медал во супер - џи,канаѓанецот Ерик Геј.Австриецот Макс Франц кој беше за 37 стотинки побавен од победникот Фојц заврши на третото место.

Веста е прочитана 737 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.