РАКОМЕТ

СП:МАКЕДОНИЈА ВО 2.КОЛО ЌЕ ИГРА ПРОТИВ АНГОЛА

14 January, 2017 - 15:34

Селекцијата на Ангола е противник  во 2.коло на нашиот национален тим на СП во  ракомет.

 

Македонската  репрезентација  повторно има ривал од Африка,но Ангола иако  ги нема квалитетите на Тунис, може да биде незгоден противник  ако пред време се пресметаат бодовите,предупредува  стратегот Лино Червар.Селекторот на Македонија нема да го менува составот и на техничкиот состанок потврдил дека останува на 16-сетте од победничкиот меч со Тунис.Никола Митревски,Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски ќе чекаат шанса на некој од наредните натпревари.Дуелот во Мец помеѓу  Македонија-Ангола  почнува од 20.45.минути.Претходно во нашата Б група, играат Исланд-Словенија и Тунис-Шпанија.Денешната мундијалската програма содржи уште 4 средби.Во 2.коло од А групата се среќаваат Бразил-Полска и Норвешка-Русија.Дербито Унгарија-Хрватска е прв меч од 2.рунда на Ц групата,слично како пресметката Египет-Данска,воведен натпревар  од вториот  круг во Д конкуренција.

Веста е прочитана 714 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.