КОШАРКА

СТАРТУВАШЕ 71 НБА СЕЗОНА,КЛИВЛЕНД ПОЧНА СО ПОБЕДА НАД ЊУЈОРК

26 October, 2016 - 17:04

Стартуваше 71 сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.На програма беа три меча.Актуелниот НБА шампион,составот на Кливленд успешно тргна во одбрана  на насловот.Кавалирс  пред домашна публика со 117-88 го совладаа Њујорк.Првата звезда на Кливленд,Леброн Џејмс запиша трип далб, 43-ти во кариерата,синоќа  од 19 поени,11 скокови и 14 асистенции.Прв стрелец кај победникот беше Кајри Ирвинг со 29 поени,23 постигна Кевин Лав.Кармелно Ентони  ги предводеше Никси со  19 коша.

На  дербито кое резултатски не ги оправда очекувањата,Сан Антонио како гостин  му нанесе тежок пораз на Голден Стејт од  129-100. Кавај Ленард со 35 поени го предводеше тимот, а значаен  учинок во триумфот на Спарси  имаше и Ламаркус Олдриџ од 26 поени и 14 скокови .Кевин Дурент со 27 поени и  Стеф Кари со 26 беа најефикасни кај Голден Стејт.Портланд ја  победи  Јута со  113:104, понесен од  Лилард кој  постигна 39 поени. 

Веста е прочитана 295 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.