КОШАРКА

СУПЕР КУПОТ УВЕРТИРА ЗА НОВАТА СЕЗОНА

20 September, 2016 - 14:58

Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин на кошаркарскиот Супер куп.Натпреварите  ќе се играат на 22 и на 23 септември и  ќе бидат и вовед во новата сезона.

 

МЗТ - Фени и Карпош Соколи- Куманово се полуфиналните двојки во домашниот Супер куп со кој ќе биде и означен почетокот на новата сезона во македонската клупска кошарка.Титулата ја брани МЗТ кој важи и за најголем фаворит на турнирот.

Ова е дел од подготовките во кој полека влегуваме во последната фаза. Вчера беше прв тренинг на кој ги имавме на располагање Тори Томас и Клоф, односно прв организиран тренинг што се вели, со сите играчи. Ни треба време да се воиграме, па овие натпревари, Суперкуот потоа и турнирот во Кавадарци, се добра пртиолика за такво нешто, особено што треба да биде спремни и за АБА лигата и за Еврокупот, затоа што и двете натпреварувања рано почнуваат. Ова не е трофеј кој мора да се освои, но обврска е на МЗТ да го напаѓа и овој. Нормално гледаме натпреварувачки, и затоа ќе гледаме да го добиеме"изјави Емил Рајковиќ-тренер на КК МЗТ Скопје.

Со оглед на тоа дека подготовките ги започнавме на 10. август, можам да кажам дека сме прилично подготвени. Вчера ни се приклучи и репрезентативецот Кире Николовски. Влеговме во некоја натпреварувачка фаза и верувам дека сме подготвени да се прикажеме во некое добро светло. МЗТ е фаворит и на хартија и ќе дадеме ние сe од себе,изјави  Љупчо Малинков-тренер на КК Фени Индустри.

И вториот меч  за место во финалето на  Супер купот ќе биде реприза од последното плеј-оф  полуфинале,играат Капрош Соколи-Куманово.

За разлика од другите клубови, ние практично, сме на почетокот на подготовките. Вчера го имавме и првиот кошаркарски тренинг. Доста доцна започнавме и се уште сме во фаза на формирање на оној играчки ростер. За разлика од дргите екипи овде, ние немаме ниту еден пријателски натпревар, но што е, тука е. Ќе дојдеме да одиграме натпревар најдобро што можеме. Карпош Соколи е силен противник, се пријавија да играат во АБА лигата, но ние ќе гледаме да ја искористиме секоја шанса. Освен тоа ова е можност да ги видиме и новите засилувања кои ги донесовме и да го измериме нивниот капаците" ,изјави Марјан Србиновски-тренер на КК Куманово.

 

Доцна дознавме и дека ќе играме во Јадранската лига. Имавме доста проблеми и баравме посилни играчи за тоа што ни претстои следната година, а тоа ни е опстанок во АБА лигата. Американците ни пристигнаа и настапија на пријателски натпревари, но сметам дека задоцнивме со подготовките. Овој Суперкуп ќе го сфатиме како последен тест пред почетокот на АБА лигата,но тоа не значи дека нема да играме натпрбварувачки,истакна  Синиша Матиќ-тренер на КК Капрош Соколи.

МЗТ и Фени ќе играат во четврток од 18.00,Карпош Соколи и КУманово од 20.30.Финалате е закажано за в петок.

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.