РАКОМЕТ

Суслина меѓу трите ѕвезди на 3.коло во ЛШ и ја има петтата најдобра одбрана

23 October, 2017 - 15:38

По фантастичната игра што ја демонстрираше на голот на Вардар против Ларвик, Ина Суслина се најде помеѓу најдобрите три ракометарки во  третото коло во Лигата на шампиони. Таа во победата на „црвено-црните“ од 31-19 на гостински терен учествуваше со неверојатни 17 интервенции.

Друштво на 38-годишната Русинка во изборот на ЕХФ меѓу трите најголеми ѕвезди и прават и Луиза Бургајд од Митјиланд и голманката на Мец, Марина Рајчиќ. 

Голманката на Вардар се најде и во уште еден избор на ЕХФ во најдобрите интервенции за изминатото коло. Една од нејзините 17 одбрани се најде на петтото место на топ-листата на ЕХФ.

Веста е прочитана 287 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.