ТЕНИС

ТЕНИСЕРКИТЕ НЕ СЕ ПЛАСИРАА ВО 2.ЕВРО-АФРИКАНСКА ЗОНА

16 April, 2016 - 16:02

Женската тениска репрезентација на Македонина и наредната сезона ќе игра во Третата Евро-африканска зона од Федерејшн купот,откако денеска загуби во плеј-оффот со 2-0 од Норвешка и не успеа  да се пласира во финалето на турнирот во Улцињ.

 

После трите стартни победи и освоеното прво место во групата  на турнирот од Третата Евро-африканска зона на Федерејш купот,македонските тенисерки денеска во полуфиналето   беа порази од Норвешка со 2-0 а со тоа на турнирот во Улцињ  ја загубија шансата за пласман во повисок ранг. Катарина Маринковиќ загуби од Мелани Стоке во два сета со по со 1-6 .И  Магдалена  Стоилковска не освои сет во поразот од Улрике Ејкери со 3-6, 4-6.Мечот во двојки не се играше. Претходно, македонските  тенисерки славеа против Ерменија , Република Ирска и Исланд што е добар резултат во отсуство на нашата надобра репрезентитавка  Лина Ѓорческа, која оваа недела настапуваше успешно на турнир  во Истанбул вреден 50 000 долари.

Веста е прочитана 254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.