ФЕД КУП

ТЕНИСЕРКИТЕ СТАРТУВАА СО ПОБЕДА НАД ЕРМЕНИЈА

12 April, 2016 - 23:06

Женската тениска репрезентација на Македонија стартуваше со триумф над Ерменија од 2:1 во првото коло од групата Б, во третата Евроафриканска зона што се игра во Улцињ.

Катарина Маринковиќ го обезбеди првиот поен за Македонија откако во сингл ја доби Лусин Чобанјан со 2:0, а решавачкиот поен за триумфот беше остварен во игра на двојки. Маринковиќ во пар со Магдалена Стоилковска беа подобри од дублот на Ерменија Ани Амирагјан - Ани Сафарјан со максимални 2:0. Претходно во вториот сингл меч, Ерменките го израмнија резултатот преку Амирагјан, која беше подобра во два сета од Стоилковска.

Утре нашиот национален тим се среќава со носителот на групата репрезентација на Ирска.

Веста е прочитана 266 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.