ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ДОБИ ТЕЖОК ПРОТИВНИК ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА УС ОПЕН

23 August, 2016 - 16:22

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на последниот грен слем тениски турнир Отвореното првенство на Соединетите Американски држави ќе игра против 17-годишната домашна надеж Кетрин Белис.

Американката се наоѓа на 158 место на ВТА листата и ова за неа ќе биде втор настап на УС Опен по 2014 година.

Белис има еден триумф на фјучрс турнир од 25.000 долари во 2016 година, а пред две недели настапи и на турнирот во Стенфорд каде во четвртфиналето загуби од Венус Вилијамс.

Според програмата мечот ќе се игра утре, а првите дуели од квалификациите почнуваат попладнево од 17 часот по македонско време.

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.