ТЕНИС

ТИЕМ ГО ЕЛИМИНИРА ФЕДЕРЕР

12 May, 2016 - 15:26

Доминик Тием ја оствари можеби најголемата победа во својата досегашна кариера откако во Рим за пласман во четвртфиналето на АТП Мастерс тенискиот турнир од серијата 1000 го елиминира Рожер Федерер со максимален резултат 2:0 за еден час и 18 минути  игра.

Австриецот првиот сет го доби во тај брејк на поени со 7:2, додека вториот го реши во петиот гејм кога направи брејк и до крајот стигна рутинирано до 6:4, остварувајќи голем подвиг против швајцарскиот ас.

Овој резултат не претставува преголемо изненадување со оглед на формата во која игра Тием, но и Федерер за кого ова беше настап само на четврттиот турнир сезонава.

Сега меѓусебниот резултат на двајцата тенисери е 1:1 во мечеви.

Веста е прочитана 278 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.