ОДБОЈКА

ТРЕТ НЕУСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ ВО КРАЈОВА

17 September, 2016 - 19:52

По голема борба и маратонот во пет сета македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата идната година во Полска.

На првиот турнир во Крајова, нашиот национален тим загуби од Естонија со 3:2 (28:26, 22:25, 23:25, 27:25, 11:15) во третото коло од Ф групата.

Нашиот национален тим освои само еден бод пред вториот турнир што ќе се одигра од 23 до 25 септември во Чешка.

Веста е прочитана 2139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.