ФУДБАЛ

ВАРДАР ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО ШКЕНДИЈА И СЕ ВРАТИ ВО ТРКАТА ЗА ТИТУЛА

14 October, 2017 - 22:46

Вардар ја победи Шкендија со  4:2 во дерби мечот од 10.коло во домашната Прва фудбалска лига.

Актуелниот првак имаше негатива од 0-1 на полувремето но постигна 4 голови во вториот дел и остана во трка со екипата од Тетово.Шкендија  ја  имаше првата радоста на Арената  Филип Втори со голот на Жуниор со 26.минута.Вардар заигра подобро во 2.дел.Максимов изнуди пенал во 55  што го реализираше Фелипе за 1-1.Од 11 метри во 64.минута   гол постигна и  Ибраими за второ  водтвсо на гостите.Следеше експресен одговор на Вардар од Блажевски за 2-2. На 15 минути пред крајот, обидот на Фелипе од далечина успеа  кај Захов за пресврт од 3-2 што го потврди Итало во 88 минута.На другите мечеви од 10.коло, Академија Пандев - Шкупи 2:0, Ренова - Работнички 3:1, Скопје - Силекс 1:1 и Пелистер- Победа 2-1.На табелата Шкендија со првиот пораз сезонава застана на  25 бодови,6 повеќе од Вардар кој поради обрски во  Лига Европа има два меча помалку.

Веста е прочитана 604 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.