ФУДБАЛ

ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА,ПРЕКУ ФЕНЕРБАХЧЕ ДО ЛИГА ЕВРОПА

24 August, 2017 - 21:57

Фудбалерите на Вардар се пласираа во фазата по групи на Лига Европа,откако и на реваншот во Турција го победија   Фенербехче,вечерва со 2-1 за историски момент на македонскиот клупкси фудбал.

 

Вардар испиша фудбалска историја.Домашниот шампион го елиминираше турскиот гигант Фенербахче и е прва екипа од Македонија која успеа да влезе во групната фаза во Европа лига.Вардар го издржа притисокот на Шукру Сарчоглу стадионот во Истанбул победувајки  со 2-1 на реваншот и на крилјата од скопските 2-0  направи нов подвиг.

Фаворитот очекувано напаѓаше кон голот на Гачевски.Бедемот на Вардар издржа до 61 минута кога Нојштадлер погоди за 1-0. Кратко траеше радоста на домашните навивачи.Вардар го искористи контра нападот седум минути подоцна и преку Џигаури изедначи на 1-1.Фенербахче во шок можеше да заврши со повеќе  голови во мрежата . Фелипе ја погоди пречката во 71-та минута, а од шансите  во завршницата ,Глигоров во судиското надополнување  беше фокусиран и стави печат на заслушениот триумф  на Вардар од 2-1.Македонскиот првак со вкупни 4-1 се избори за место во Европа и утре на ждрепка во Монако  ќе ги дознае противниците за второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА.

Веста е прочитана 2631 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.