ФУДБАЛ

ВАРДАР ПОБЕДИ ВО БИТОЛА

28 May, 2017 - 20:09

Фудбалските прволигаши попладнево беа ефикасни и на петте натпревари од претпоследното 35. коло постигнаа 25 голови. На дербито во Битола, првакот Вардар го совлада Пелистер.

 

 

Освојувачот на домашниот Куп, Пелистер загуби со 2-3  во Битола од шампионот   Вардар     во дерби мечот од 35.коло во прволигашка конкуренција. Гостите од Скопје имаа водтсво од 2-0 уште во 1.полувреме со головите на Николов и на Петковски.Илијоски од пенал намали на 1-2 во 77.мунита  Фелипе на 3 минути  до крајот овозможи повторно предност од два гола за Вардар а во судиското надополнување Бујчески реализираше за  финални 2-3.Победа  обезбеди опстанок ,Шкупи ќе игра бараж.Прволигашкиот статус за наредната сезона го загбуја Македонија  ЃП и Брегалница.Последното 36.коло ќе се игра на 31 мај.

Резултати на натпреварите од 35.коло: Вардар – Пелистер 2:3, Работнички – Победа 0:3, Силекс – Шкупи 1:0, Ренова – Шкендија 4:4 и Македонија ЃП – Брегалница 5:3.

 

Табела: Вардар 82 бода, Шкендија 67, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 49, Силекс 46, Шкупи 36, Македонија ЃП 22, Брегалница 21.   

Веста е прочитана 1060 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.