РАКОМЕТ

ВАРДАР ЈА ОСВОИ СЕГА ЛИГАТА

9 April, 2017 - 21:45

Ракометарите на Вардар  ја освоија Сеха лигата.Во финалето , македонскиот првак го победи Веспрем  со 26-21   и по трет пат во клупската историја го освои победничкиот пехар во регионалната конкуренција.

 

Петто финале,трет трофеј за Вардар во Сеха лигата.Ракометарите на македонскиот шампион го совладаа европскиот вицепрвак Веспрем во финалниот меч на завршниот турнир со  26-21.Од  почетокот  Вардар постојано  беше во   предност, но  без посериозна разлика.6-4 во 13 минута,10-8 и потоа 11-9 во финишот на воведните 30.минути по кои Веспрем успеа да изедначи.Од 11-11 двете страни го продолжија финалето.Гозналес ги уфрли во игра Карацич  Стоилов и Душебаев па Црвено-црните  го почнаа походот кон титулата.Во  40.минута  17-14,во 50-тата  22-17 ,следеше гол на Македеа  во 55 минута за највисоки 24-18  што му овозможи комотен финиш на Вардар и победнички 26-21.Канељас и Дибиров постигнаа по пет голови,Марсениќ четири.На голот, Штербик одбрани  12 удари  на Веспрем.Во дуелот  за 3.место, домаќинот на Ф 4 турнирот Мешков Брест го победи Загреб со 23-19.

Веста е прочитана 935 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.