ВАРДАР ЌЕ БРКА ТРИУМФ ПРОТИВ ЦЕЛЈЕ ЗА ОДНОВО ДА БИДЕ ЛИДЕР

23 February, 2017 - 17:31

Двојната ракометна програма во Лигата на шампиони викендот што следи ќе ја отвори Вардар на кого во сабота во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе му гостува Целје во натпревар од 12 коло.

Црвено-црните“ го загубиЈА првото место во „Б“ групата за момент но таму имаат намера да се вратат откако Рај Некар Левен по триумфот над Мешков Брест на отворањето од ова коло ги потисна на втората позиција. Словенечката екипа покажа дека е незгодна откако во минатиот викенд го совлада европскиот првак Киелце, па од таа причини во редовите на македонскиот првак се мобилни иако противникот веќе го совладаа трипати сезонава. 

„Натпреварот со Целје за нас е како финале во Лига на шампиони. Ние сме фаворит на натпреварот, но треба да имаме предвид дека секогаш кога играме против нив имаме и многу проблеми зашто имаат квалитетни играчи. Очекувам брз натпревар. Ако сакаме да ги победиме треба да имаме добра одбрана и да даваме голови од контранапад. Имаме добра шанса да бидеме први во групата, иако е рано да предвидуваме. Играчите се спремни и сакаат да покажат добар натпревар“, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.

Капитенот Стојанче Стоилов истакна дека против Целје сезонава од три натпревари имаат исто толку победи, но и дека нема да биде лесно, како што некои други очекуваат.

„Мора да ја искористиме секоја шанса и мораме да победуваме ако го сакаме првото место во групата“, рече Стоилов.

Натпреварот Вардар – Целје се игра во сабота со почеток во 17:30 часот. 

Веста е прочитана 1012 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.