РАКОМЕТ

ВАРДАР НАДИГРАН ОД МЕШКОВ, ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ СО КРИСТИЈАНШТАД

4 March, 2017 - 20:23

Вардар загуби на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест со 30:26, во 13 претпоследно коло од ракометната Лига на шампиони и не ја искористи првата шанса да го завери првото место во групата Б. „Црвено-црните“ добро го отворија me;ot но по дваесетина минути домаќините ја преземаа иницијативата и на полувреме заминаа со предност од два гола (15:13). Набрзо по стартот на вторите 30 минути белорускиот шампион предноста од полувремето двојно ја зголеми и ја задржа до крајот на натпреварот.

Игор Карачиќ и Иван Чупиќ беа најефикасни кај македонскиот тим со по пет голови, додека кај домаќините Владислав Остроушко и Џанис Криштопанс постигнаа по осум погодоци.

Во последното 14 коло Вардар ќе игра во Скопје со Кристијанштад, кој денеска го доби европскиот првак со 29:25, и со победа ќе си обезбеди директен пласман во четвртфиналето од елитното натпреварување. Пик Сегед беше подобар од ППД Загреб со 26:21.

Табела:

1. Вардар 18 бодови

2. Рајн Некар Левен 17

3. Киелце 16

4. Пик Сегед 15

5. Мешков Брест 14

6. Целје 9

7. Кристијанштад 8

8. Загреб 7

 

Веста е прочитана 686 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.