РАКОМЕТ

ВАРДАР СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА СЕХА ЛИГАТА

7 April, 2017 - 20:20

Ракометарите на Вардар по петти пат во клупската историја се пласираа во финале на Сеха лигата.Македонскиот првак во целост ја оправда улогата на фаворит во мечот со Загреб и го декласираше хрватскиот шампион со 36-28.

 

Црвено-црните имаа целосна контрола на резултатот од првата па до 60-та минута.Покрај бројните седмерци и исклучувањата кај Вардар,Загреб  само на два пати, во 3. и во 6. минута успеа  да изедначи.До крајот на воведното полуфинале, екипата на Голужа  беше за класа послаб тим. Вардар  на полувремето создаде водство од 19-12.Играчите на Раул Гонзалес продолжија со сигурната и ефектна игра.Македонскиот тим се издигна до највисоки 32-23 во 54-та и уште на 4-ри пати имаше 9 разлика за повеќе од мирен финиш.Вкупно 10 ракометари на Вардар постигнаа голови.Најефикасен беше Чупиќ со осум а најпрецизен Борозан со реализација на сите шест удари.Кај Загреб,Златко Хорват беше прв стрелец со 8 погодоци.Во второто полуфинале играат Веспрем и домаќинот Мешков Брест.

Финалето во салата во Брест-Белорусија  каде се одржува Ф4 турнирот во регионалната конкуренција е закажано за в недела од 20 часот.

Веста е прочитана 794 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.