РАКОМЕТ

ВАРДАР СО НОВА ЛЕКЦИЈА ЗА ЦЕЉЕ

25 February, 2017 - 20:37

Во  Лигата на европските шампиони,ракометарите на   Вардар  вечерва  ја оправдаа улогата на фаворити во мечот против  Цеље и со  победа од 35-30 се вратија на 1.место во групата.

 

Македонскиот првак ја оствари целта во 12.коло,победа за нови три бода и враќање на лидерската позиција во групата Б.Вардар по 4-ти пат сезонава и по втор пат  во ЛШ го совлада Цеље.Вечерва шампионот на Словенија беше надигран со финални 35-30 Црвено-црните  имаа  целосна контрола на случувањата на теренот во СЦ  Јане Сандански.Цеље им парираше на домашните  единствено во почетните 6.минути.После серијата  од 4-0 на Вардар ,гостите беа во подредена улога.На полувремето Вардар замина со предност од 20-15.Разлика од пет голови беше симетрична и на после 60 минута за деветти   триумф сезонава во ЛШ на скопската екипа.Душебаев постигна 8 голови,Дибиров и Шишкарев по 6,Штербик запиша 12 одбрани.Вардар е лидер во групата Б со 18 бодови,еден повеќе од Рајн Некар.Во претпоследното коло,македонскиот шампион на 4.март  гостува кај Мешков Брест.

Веста е прочитана 810 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.