РАКОМЕТ

ВАРДАР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДЕРБИТО СО РНЛ

16 November, 2017 - 15:31

Ракометарите на Вардар во сабота го пречекуваат германскиот првак Рајн-Некар Левен во рамки на 8. коло во Лигата на шампиони. Во дуел на двата непоразени тимови во Групата А, „црвено-црните“ ќе се обидат да ја продолжат добрата форма и со победа да го задржат првото место и да ја зголема предноста пред ривалите. Минатата сезона овие два тима играа исто така во групната фаза, а Вардар славеше во Мајнхајм, а Германците се реваншираа со триумф во Скопје.

„Ќе играме против шампионот на Германија, очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „7 на 6“, затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар Левен. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последното место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме први на табелата и сакаме така да остане до крај“ -изјави тренерот Раул Гонзалес.

„Рајн Некар е екипа која претходната сезона ни приреди непријатен пораз дома откако ги победивме во Германија. Играат во топ форма, имаат добри играчи и непријатна тактика популарна „7 на 6", но ако сакаме да продолжиме она што го започнавме минатата година, мораме да победуваме на сите натпревари до крај. Очекувам полна сала и добра атмосфера“-истакна капитенот Стоилов.

Натпреварот Вардар-РНЛ ќе се игра на 18.11.2017 во СЦ Јане Сандански од 17.30.

Веста е прочитана 1081 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.