ФОРМУЛА 1

ВЕРСТАПЕН НАЈБРЗ ВО МАЛЕЗИЈА

1 October, 2017 - 19:16

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на Формула 1 трката во Малезија,15-та станица од шампионатот за 2017 година.

 

Холанѓанецот го престигна Хамилтон кој стартуваше од пол позиција  во 4 круг и го прослави  20-тиот роденден со втор   триумф  во кариерата.Верстапен кој е петтиот пилот сезонава со победа,ја мина целта на патеката Сепанг со предност од преку 12 секунди пред  Луис Хамилтон од екипата на Мерцедес.Успехот на   Ред Бул го комплетираше Даниел Рикардо со пласман на 3.место.Одлична трка извозе и германецот Себастијан Фетел.Пилот на Ферари стартуваше од последниот  ред, но заврши на 4-та позиција.Поради механички проблеми ,Малезиското Гран  при заврши пред време и за Кими Раиконен.Во пласман за бодови влегоа  уште Ботас,Перез,Вандорн,Строл кој имаше колизија со Фетел после крајот на трката како и Маса и Окон.Во поредот на возачите,Хамилтон ја зголеми разликата пред Фетел на 34 бодови.До крајот на сезоната остануваат уште пет трки.Следната, 16-тта,  ќе се вози на 8 октомври во Јапонија.

Веста е прочитана 765 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.