ТЕНИС

ВЕСЕЛИ ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ЃОКОВИЌ

13 April, 2016 - 18:41

Водечкиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ елиминиран уште во 2.коло на Мастерсот  во Монте Карло.Изненадувањето  на сезоната го приреди 55. на ранг листата, Јиржи Весели од Чешка.

 

Најдобриот светски тенисер е запрен во 2.коло на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло.Новак Ѓоковиќ одигра потпросечно со проблеми на сервисот и на приемот,  со многу грешки  во меч со Јиржи Весели.Леворакиот тенисер од Чешка славеше во три сета со 6-4,2-6 и 7-5,што е прв пораз на Ѓоковиќ на Мастерсите уште од финалето во Синсинати  мината година.Српскиот тенисер пропушти шасна за врзе три титули по ред со  насловите  од  Индијан Велс и од Мајами.Весели е на 55 позиција во моментов на АТП листата.23  годишниот Чех има само една титула,  од Оукленд 2015, а по најголемата победа во кариерата, на турнирот во Монте Карло ќе се сретне со подобриот од пресметката Лоренци-Монфилс.Претходно, пораз доживеа и вториот лански финалист, Томаш Бердих, кој беше непријатно изненаден од босанецот Дамир Џумхур ,99-ти играч на светот.

Веста е прочитана 299 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.