ФУДБАЛ

Вест Хем го назначи Дејвид Мојс за нов менаџер

7 November, 2017 - 16:01

Само еден ден по отказот на Славен Билиќ, Вест Хем го назначи Дејвид Мојс за нов менаџер на тимот. „Чеканите“ имаат ужасен старт на сезоната во Премиерлигата и по 11 натпревари се наоѓаат во зоната за испаѓање, поточно на 18-тата позиција со само девет освоени бодови.

По убедливиот пораз од Ливерпул, беше јасно дека потребни се промени на клупата на Вест Хем, па челниците на клубот решија довербата да му ја дадат на искусниот Дејвид Мојс. Овој стратег ќе има задача да го задржи Вест Хем во Премиерлигата, нешто што не му успеа минатата сезона со Сандерленд.

Претходно Мојс работеше во Реал Сосиедад, девет месеци беше на клупата на Манчестер јунајтед, откако го наследи Сер Алекс фергусон, а неговата најуспешна епоха во кариерата е во Евертон, каде мина дури 11 сезони. Новиот менаџер на Вест Хем дебито на клупата ќе го има на 19 ноември на гостувањето кај Вотфорд. 

Веста е прочитана 308 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.