РАКОМЕТ

ВТОР ТРИУМФ И НОВ КЛУПСКИ РЕКОРД ЗА ЖРК ВАРДАР

4 February, 2017 - 21:16

ЖРК Вардар го забележа и вториот триумф во Главната фаза од ракометната Лига на шампиони. Во СЦ „Јане Сандански“ потешко од очекувањата беше подобар од Мец со 23:21 во второто коло од осминафиналната група еден.

Иако беше пред лесен триумф македонскиот првак ја искомпликува работата во финишот кога гостинките од Франција можеа да заминат со еден бод, но не успеаа да го реализираат последниот напад за ирамнување. Претходно Александра Лакребаер не погоди од пенал, а Јованка Радичевиќ го реши мечот во последните секунди.

„Црвено црните“ го подобрија клупскиот рекорд на седум победи по ред и се уште се без пораз сезонава по девет одиграни меча во Елитината лига, израмнувајќи ја при тоа серијата од пред три години.

Сања Дамњановиќ од редовите на домашниот тим беше прв стрелец со пет погодоци, еден помалку постигна Александра Лакрабер, додека Јованка Радичевиќ, Анја Алтхаус и Андреа Пенезиќ, која се повреди во финишот, трипати се запиша во листата на стрелците. Кај францускиот првак, Ана Грос реализираше највеќе пет погодоци.

ЖРК Вардар во следниот меч закажан на 12 февруари ќе му гостува на Турингер кој денеска загуби од Ференцварош со 32:24. На третиот меч Будуќност беше подбар на гостувањето кај Астраханочка со убедливи 34:21.

На табелета Вардар остана лидер со 11 бодови, два повеќе од вторпласираниот Ференцварош и три од Будуќност на третата позиција.

Веста е прочитана 978 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.