РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ЛАРВИК

4 November, 2017 - 18:59

ЖРК Вардар остана со  перфектен биланс во тековната сезона од ЛШ.Вардарки  попладнево во СЦ Јане Сандански славеа над Ларвик ,30 - 27   и со 4.  триумф  обезбедија место во следната фаза .

 

Норвежанките допатуваа во Скопје како аутасјадери без ниту еден бод ,но пружија силен отпор и му создадоа големи проблеми на европскиот вице првак.Вардарки  ја потценија гостинката екипа и после 30 .минути имаа негатива од 10-11.Во вториот  дел,  Лејно на голот кај Вардар продолжи со успешните одбрани на крајот нанижа 20 интервенции кои овозможија  фаворитот да направи пресврт.ЖРК имаше плус 4 во 42 минута и до крајот со просечни два гола водтвсо успешно ја затворија епизодата со норвежанките. Пенезич беше најефикасна кај Вардар со 7 голови запиша и  вкупно   300  во црвено-црниот дрес.  Во следното 5.коло на 11 ноември, ЖРК Вардар  гостува кај Ференцварош.

Веста е прочитана 210 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.