РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР ИЗБОРИ ФИНАЛЕ СО ТРИУМФ НАД ЧСМ БУКУРЕШЕТ 38-33

6 May, 2017 - 19:48

ЖРК Вардар се пласираше во  големото финале од ЛШ на ЕХФ со   победа над Букурешт   од 38-33  .За првото финале во историја на клубот остварено  во четвртиот обид,Вардарки се изборија во голем стил и после Кометал ЃП тие се втората македонска  женска екипа со пласман во финале од ЛШ.Прашањето на победникот ЖРК Вардар го реши  уште во првото полувреме со предноста од   21-13 како резултат на далеку подобра игра од романките и во две насоки.Во салата Ласло Пап  во Будимпешта каде се одржува завршниот турнир ,македонскиот состав  ги  контролираше  и вторите  30 минути во кои на два пати стигна и до највисоки 10 голови разлика,27-17 во 38 минута и 31-21 во 44-та што ги отвори вратите  за посакувано финале. Андреа Пенезиќ со седум гола беше најефикасна кај македонскиот шампион, пред Радичевиќ и Лекиќ со по шест и Лакабрер со пет  погодоци. Претходно во првото  полуфинале , составот на Ѓер избори меч за титула.Унгарките го совладаа Будуќност со 26-20 и слично како лани ги елиминираа црногорките во полуфиналето. Анита Горбиц го заврши натпреварот со девет гола, Нике Грот постигна пет, а Едуарда Аморим Талеска заврши со четири гола во победата на Ѓер. Финалето Вардар-Ѓер ќе се игра утре од 17.45.Претходно, во меч за третото место, од 15.15 влегуваат Будуќност и Букурешт.

Веста е прочитана 1087 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.