РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ КУП ТИТУЛАТА

20 May, 2017 - 16:03

ЖРК Вардар петти пат во клупската историја го освои женскиот ракометен Куп на Македонија откако во финалето што се одигра во салата „Автокоманда“ го совлада домаќинот Металург со 45:19.

„Црвено црните“ уште еднаш го потврдија својот квалиетот и рутинирано стигнаа до четвртата титула по ред во ова натпреварување за која најдобар стрелец беше Александра Лакрабер со 12 голови, пет помалку запиша Сара Ристовска, додека кај Металург се истакнаа Сања Дабевска и Марија Николиќ, двете со по четири погодоци.

Лакрабер беше прогласена за МВП на завршниот турнир, а Ристовска најдобар стрелец со 24 голови. Матеа Серафимова го доби признанието за најдобар голман откако во финалето имаше 14 одбрани.

ЖРК Вардар во понеделник ќе има можност да ја освои и втората титула сезонава, бидејќи се игра завршницата од домашниот шампионат и четвртти пат по ред ќе може да ја одбрани двојната круна.

Веста е прочитана 802 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.